HISTORY
Техноинжинеринг е мало претпријатие основано 1991 година во градот Штип, со главни активности во метало-преработувачката дејност.
Подоцна во 1998 година со пререгистрација на трговските друштва поминува во ДООЕЛ.
Во почетокот со основањето главната производствена дејност e производство на транспортни тркала од пресувана гума (каучук), фиксни и стабилни тркала за индустриска и комерцијална примена.
Со растењето на компанијата, дејноста постепено се шири на производство на транспортни колички наменети за: хотелски услуги, прехрамбена, хемиска и фармацевтска индустрија.
Компанијата започнува и со давање на услуги на надворешни клиенти од типот на различни видови заварувања, поправки и ремонтирање на челични и иноксни делови, по потреба на клиентите.
Изработка на челични или иноксни производи, по поединечно барање на клиент e достапно и заштитено само за истиот.
Компанијата располага со сопствен производствен простор од 400м2 за изработка на сите производи и ангажира пет вработени.